• вторник, 24 декември 2024

Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар

Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар
Скопје, 17 јануари 2020 За случајот со медицинската сестра, од пред половина година, јавноста дознава преку медиуми, а министерот за здравство, Венко Филипче и надлежните молчат. Недозволиво! Родилка остана без органи, министерството за здравство молчи за скандалот и се крие зад корона пандемијата. Никој не бара одговорност, а ги нема ниту гласните невладини организации. Наместо струшкото обвинителство да постапува за овој случај, постапува за Вевчански карневал. Министерот за здравство Венко Филипче, треба во итна и транспарентна постапка да утврди што точно се случило со родилката од Дебар и за тоа да даде целосен извештај пред македонската јавност како и одговор на многу прашања кои се поставуваат. Одговорноста за овој случај, кој се случил пред половина година, досега требало да се детектира и со име и презиме кој е одговорен и веќе истиот требало да одговара. Македонската јавност очекува и бара одговор на сите поставени прашања и отворени теми од родилката од Дебар. Од тоа дека постојат домашни ординации па се до наводите за дадено мито и корупција. Институциите не смеат да молчат. Ова е голем скандал за кој мора да се утврди одговорност. Ваквиот однос, во најмала рака несериозен, е недозволив. Ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ повикуваме на зачувување на правата на жените и репродуктивното здравје на жените. Ги повикуваме сите жени кои што имаат вакво или слично искуство да се обратат за помош, а ние како УЖ сме подготвени да им излеземе во пресрет. За случајот веќе не смее да има молк! За случајот треба да се спроведе темелна истрага и да се утврди кој е виновен и истиот да одговара и да даде оставка! Прес-конференција на Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан