• сабота, 23 ноември 2024

Пешак загина во Скопје при удар од возило управувано од 18-годишно момче

Пешак загина во Скопје при удар од возило управувано од 18-годишно момче

Скопје, 28 јануари 2023 (МИА) – Скопјанецот Ш.Р.(71) загина синоќа, во сообраќајна несреќа, во Скопје, откако на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, Скопско, кој исто така, се здобил со повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена вчера во 20:15 часот во СВР Скопје.

-На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош  констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, наведуваат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. вг/вј/

Остани поврзан