• вторник, 24 декември 2024

Пет младински тимови ќе развиваат иновативни решенија за справување со климатските промени

Пет младински тимови ќе развиваат иновативни решенија за справување со климатските промени
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Пет тимови од млади луѓе, на возраст од 16 до 24 години, ќе продолжат во следната, последна фаза од младинскиот предизвик „Generation unlimited - Технологија за планетата 2022“ која следува по тридневна работилница за третиот по ред младински предизвик „Генерација без граници“ кој го организираат УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Како што информираат од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 - 21, во текот на работилниците кои се одржале изминатиов викенд во просториите на Телеком, младите работеле на развивање и конкретизација на своите првични идеи, поддржани од стручни лица. Менторите работеле со младите во делот на концептуализација на идеите и design thinking, финансиско планирање и креирање на буџет за решенијата, создавање на бренд – идентитет и слично. - Во следната фаза продолжуваат тимовите Oh Swapp Team; Red Hot Chilli Peppers; „Менади“; Bio Techno Logic и 3D Factory. Овие пет идеи ќе бидат поддржани со дополнителни 1.000 $ (по тим), со цел дополнително да се усовршат и подобрат. Нивните идеи се однесуваат на креирање на системи за рециклирање на отпадот и негова повторна употреба како правилно одложување на органскиот отпад, облека и создавање на нова вредност од истите, стои во соопштението од Центарот. Во претстојниот период, петте тимови ќе продолжат да работат со менторите, а националниот предизвик ќе заврши со финален настан, при крајот на јули, кога ќе бидат избрани две решенија кои ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот предизвик „Генерација без граници“. Младинскиот предизвик е дел од партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, а е реализиран од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21. ар/дма/

Остани поврзан