Петрушевски: ЈО да отвори истрага како до лани услугата обезбедување е плаќана половина милион евра повеќе
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 23 јануари 2025
Почитувани,
СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега.
Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци.
СДС и Филипче целосно се ставија во заштита на приватни бизнис интереси. Се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма.
Ако сега тендерот за обезбедување ќе се извршува по цена пониска за половина милион евра, тогаш логички е да се запрашаат и ЈО и останатите институции каде оделе тие пари до лани.
Оттука го повикуваме ЈО веднаш да отвори истрага како до лани услугата обезбедување е плаќана половина милион евра повеќе.
ЈО мора да даде одговор на легитимната дилема дали половина милион евра кои ги наплаќала до лани фирмата за обезбедување завршувале дел во СДС, а дел кај тандемот Зечевиќ-Ковачевски, и претходно кај Заев?
За разлика од тоа како до сега. Со тендерот за избор на најповолна понуда за обезбедување е овозможена конкуренција и е засилена заштитата која ја добива државата во случај на неисполнување на задачите или нивно неквалитетно извршување, што е поткрепено со банкарска гаранција која фирмата добитник на набавката мора да ја издаде, а е во висина од 20 милиони денари.
СДС може само да гледаат како се работи домаќински и да ги бројат загубите на криминалните приходи кои до лани им течеле. А одговорност за секој еден криминал ќе има.
На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, даде одговор на новинарско прашање во однос на остварените средби на претседателот Мицкоски во САД.
„Претседателот Мицкоски во САД оствари државен успех. Тој е прв премиер на државата кој присуствувал на инаугурација на американски претседател, а воедно и единствен политичар од Балканот во моментот кој беше во Вашингтон на настанот оваа година.
Покрај големата чест која Македонија ја има со тоа, претседателот ја искористи посетата да се види со значајни личности од Американската политика и нормално бизнис заедница.
Остварени се средби со Крис Павловски, Девин Нунез, Џон Битов, Марко Галина, Такер Карлсон, Ричард Гренел, Ендру Пејкоф, Џеси Спиро, Александар Касаноф, Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД и многу други средби.
На овие средби е разговарано за поддршката на САД за Македонија, како и за инвестицискиот потенцијал на нашата држава и отвореноста за економска соработка.
Ефектот од овие средби допрва ќе се гледа во Македонија, како политички, така и економски“ , нагласи Петрушевски.
На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски даде одговор на новинарско прашање во однос на набавката на владин авион.
,,СДС се против за се само за да се против. Нема логика, ниту објаснување, едноставно политиката им е контра се што значи прогрес, затоа што не се водени од конструктивност, туку од љубомора дека државата оди напред, а главна причина за тоа е затоа што тие се опозиција.
Неодговорно е држава во Европа да нема функционален владин авион, кој ќе ги опслужува потребите на државата.
Уште поголема неодговорност е кога имаме еден претседател кој загинал во авионска несреќа и еден претходен врз кој имало обид за атентат, да не направиме ништо како држава таквите ризици да ги сведеме на минимум.
Нов владин авион ќе значи сигурност за државниот врв, не само на постојниот, туку и за 10 години од сега.
Време е СДС да порасне и на државните потреби да гледа со разум, а не со политика на негација и противење секогаш кога не се власт“, истакна Петрушевски.
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ