Петровска во посета на припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода во Охрид
- Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода, кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обуката во Командата з

Скопје, 10 мај 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода, кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обуката во Командата за обука и доктрини.
Како што соопшти денеска од МО, Петровска на средба со командирот на Кампот, потполковникот Ванчо Ташев упати порака дека инвестирањето во човечките капацитети, заедно со опремувањето со нова и модерна опрема, е прв приоритет за Министерството и дека обуката на вода е еден значаен сегмент за севкупен развој на способностите на припадниците на Армијата.
- Министерството и Армијата активно вложуваат во способностите на армиските припадници. Силата на нашата Армија доаѓа од силата на секој наш припадник поединечно и затоа посветуваме особено внимание на Воената академија и сите наши центри за обука во армиската Команда за обука и доктрини, вклучувајќи го и Кампот за обука на вода во Охрид, изјави министерката Петровска.
Кампот за обука на вода изведува обука во пливање, нуркање, изработка на импровизирани пловни средства и совладување на водени препреки за припадниците на Армијата, вклучувајќи ги и специјалните единици. цр/сп/

