• вторник, 24 декември 2024

Петнаесет деца киднапирани во последниот напад на училишта во Нигерија

Петнаесет деца киднапирани во последниот напад на училишта во Нигерија

Лагос, 10 март 2024 (МИА) - Вооружена група во Нигерија нападна уште едно училиште и киднапираше 15 деца во третиот инцидент со масовно киднапирање за две недели, соопшти денеска полицијата.

Тешко вооружените напаѓачи упаднале во училишен дом во сојузната држава Сокото вчера наутро. Освен децата, однесена е и жена од селото Гидан Бакусо, изјави портпаролот на полицијата, Ахмад Руфаи.

Полицијата дознала за киднапирањето неколку часа подоцна, бидејќи селото е во оддалечена област без услуга за мобилни телефони или асфалтирани патишта, рече портпаролот. Според тоа, до селото не можело да се пристапи со автомобил, туку само со мотор.

Минатиот четврток, 287 девојчиња и момчиња беа киднапирани од нивното училиште во селото Курига во северозападната држава Кадуна.

Кон крајот на февруари, во североисточната држава Борно се случи масовно киднапирање на внатрешно раселени лица. Според Обединетите нации, киднапирани се повеќе од 200 луѓе. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан