• сабота, 23 ноември 2024

Петмина припадници на опозициските сили загинаа во напад на силите на сириските Курди на северот на Сирија

Петмина припадници на опозициските сили загинаа во напад на силите на сириските Курди на северот на Сирија

Бејрут, 10 јули 2023 (МИА) - Силите на сириските Курди денеска започнаа напад во северна Сирија, при што загинаа најмалку пет сириски опозициски сили поддржани од Турција, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Нападот се случил нешто по полноќ синоќа, јужно од северниот град Африн, кој го држат силите поддржани од Турција.

Опсерваторијата соопшти дека денешниот напад го извршиле Oслободителните сили на Африн, курдска фракција во сојуз со главната курдска милиција во Сирија позната како Единици за заштита на народот (ИПГ). Групата презеде одговорност за десетици напади врз сириски борци поддржани од Турција.

Сирискиот опозициски активист Тахер ал Омар изјави дека нападот се случил на околу 20 километри јужно од Африн. Според Ал Омар, убиени се пет членови на фракцијата Фаилак ал-Шам поддржана од Турција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан