• петок, 08 ноември 2024

Петмина повредени во руски напади на Одеса, оштетен и музејот

Петмина повредени во руски напади на Одеса, оштетен и музејот

Киев, 6 ноември 2023 (МИА) - Националниот музеј на уметност на 6 ноември полни 124 години. Русите „му честитаа“ на нашиот архитектонски споменик со проектил кој падна во близина, рече Олех Кипер, гувернер на регионот Одеса чиј административен центар е Одеса, на апликацијата за пораки Телеграм.

-Оштетени се ѕидовите на зградата, искршени се некои прозорски стакла, додаде тој.

Кипер подоцна изјави дека над градот биле уништени 15 дронови лансирани од Русија. Оштетени се неколку станбени шупи, а магацинот и камионите со жито беа зафатени од пожар, кој набрзо беше изгаснат.

Националниот музеј во Одеса, една од најстарите палати во градот, имаше повеќе од 10 илјади експонати пред војната, вклучувајќи слики од некои од најпознатите руски и украински уметници од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Градскиот совет објави снимка на која се гледаат скршени прозорци и остатоци во музејот.

На улиците до музејот, нападот остави дупка длабока неколку метри. Според градските власти, таму е повредено едно лице. Кипер рече дека сите пет повредени лица се хоспитализирани. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан