Песков: Очекуваме продолжување на разговорите меѓу Русија и САД, најверојатно веќе следната недела
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и САД на експертско ниво да продолжат наскоро, најверојатно на почетокот на следната недела.

Moсква, 20 март 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и САД на експертско ниво да продолжат наскоро, најверојатно на почетокот на следната недела.
„Русија и САД на претстојните преговори во Саудиска Арабија ќе разговараат за аспектите на украинското решение, како и за другите аспекти поврзани со украинската регулатива, а за кои страните сметаат дека е неопходно да се разговара во идните преговори“, рече Песков.
Тој, исто така, додаде дека помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, во средата разговарале кој би можел да ги претставува Русија и САД во разговорите на експертско ниво за Украина.
„Во догледно време ќе соопштиме кој ќе ја претставува руската страна. Сè уште не сум подготвен да го направам тоа“, рече Песков. рп/
Фото: ЕПА