• понеделник, 23 декември 2024

Перформанс на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата

Перформанс на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата
Скопје, 6 декември 2020 Бандата далтони која што е позади мене составена од Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и Владо Бучковски се луѓето кои што одлучуваат за македонскиот идентитет, за македонската историја, за македонскиот јазик. Не постои друга земја во светот во која што премиерот на онаков ноншалантен и лаконски начин се откажува од идентитетот и од придавката за која што се бореле илјадници македонци и го дале својот живот. Зоран Заев беше тој кој што гарантираше дека придавката „македонски“ е загарантирана за македонска влада, македонски јазик, за македонска историја. Вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка „македонска“ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија. Оттука заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Оттука тврдиме дека оваа банда далтони која што во моментот одлучува за македонската судбина, за македонската сегашност и македонската иднина немаат мандат и не смеат да одлучуваат за македонската иднина. Притоа кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ дека оваа банда далтони во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на Република Македонија.  Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=0aOndW75K0w

Остани поврзан