• понеделник, 23 декември 2024

Пертпладне сончево со мала облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и засилен ветер

Пертпладне сончево со мала облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и засилен ветер
Скопје, 10 јули 2021 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 33 степени. И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Температурата утре и во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник. Потоа следува период на стабилно време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан