• понеделник, 16 декември 2024

Перез не може да зборува со сигурност за неговата иднина во Ред Бул

Перез не може да зборува со сигурност за неговата иднина во Ред Бул

Лондон, 9 декември 2024 (МИА) – Триесет и четиригодишниот мексикански возач во Формула 1, Серхио Перез, зборуваше за својата иднина во Ред Бул.

Перез вчера во последната фаза од сезоната 2024 година не успеа да извози ниту еден круг на трката за Големата награда на Абу Даби.

- Во моментов не знам. Знам само дека имам договор да се тркам следната година. И ако ништо не се промени во наредните денови, тогаш следната година сè ќе биде исто. Мислам дека во моментов единствено што можам да кажам е дека потпишав договор на средината на годината за да возам за Ред Бул во следните две години. Така, ќе видиме што ќе се случи и како ќе се одвиваат нештата во наредните денови, изјави Перез за „Gpblog“.

Перез е член на Ред Бул од 2021 година. Минатата сезона стана вице-светски шампион. Годинава четири пати заврши на подиумот, но во втората полусезона никогаш не заврши повисоко од шестото место и двапати заврши на 17. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан