• недела, 17 ноември 2024

Пензионерите во Прилеп изразија задоволство од зголемувањето на пензиите

Пензионерите во Прилеп изразија задоволство од зголемувањето на пензиите

Прилеп, 1 октомври 2024 (МИА) - Претставници од повеќе здруженија на пензионери од Македонија во Прилеп го изразија задоволството од зголемените пензии за 2 500 денари сега и за уште 2 500 денари со мартовската пензија.

Според Васил Пиндеров од Здружението на пензионери од Валандово, ова е историски момент за пензионерите, особено со оние околу 220 000 од вкупно 330 000 пензионери со примања до 20 000 денари.

- Ова е сон за пензионерите, особено за сите оние со минимални пензии.  Добија по 5000 денари и пригатија и пензионерите со поголеми примања да се приклучат. Навистина е голема помош за стандардот и затоа треба да бидеме заедно за сите барања, изјави Пиндеров од прилепското Здружение на пензионерите.

Верче Јанческа, претседател на Извршниот одбор на пензионерите што протестираа вели дека не случајно се собрани во Прилеп од каде што на трети август лани почнаа нивните протести и барања за линеарно зголемување на пензиите. Смета дека се остварени повеќе цели.

- Успеавме да го смениме законот од процентуално, за линеарно зголемување на пензиите. Рековме дека ќе добиеме и лекови на позитивната листа, листата да ја прошириме и тоа го остваривме, рече Јанческа.

За Делчо Максимоски од Здружението на пензионери од Охрид, битно е што се работи на измени на Законот за пензионери.

-Благодарност до Владата што најде решение за нашите проблеми и она што е најбитно за нас е изработката на новиот Закон за пензионери со што ќе се решат сите суштествени проблеми и прашања на пензионерите, изјави Максимоски.

Инаку, пензионерите пригодно приготвиле и колач за зоглемувањето на пензиите. ем/цр

Фото: МИА

Остани поврзан