• сабота, 31 август 2024

Пелоси во Киев: Вашата борба е борба за сите

Пелоси во Киев: Вашата борба е борба за сите
Киев, 1 мај 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од посетата на Киев на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси. - Тука сме во посета за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата, истакна Пелоси. Зеленски наведе дека САД се лидер во силната поддршка во борбата на Украина против руската агресија. - Ви благодариме што помагате во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја, посочи Зеленски. ми/

Остани поврзан