• сабота, 23 ноември 2024

Пекинг го повика Вашингтон порационално да ги разгледува постојните меѓусебни разлики

Пекинг го повика Вашингтон порационално да ги разгледува постојните меѓусебни разлики

Пекинг, 9 октомври 2023 (МИА) - Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, за време на посетата на американските сенатори на Кина, повика Вашингтон „порационално да ги разгледа“ меѓусебните разлики.

-Се надеваме дека оваа посета ќе им помогне на САД подобро да ја разберат Кина, пообјективно да гледаат на кинеско-американските односи и порационално да ги разгледаат постојните разлики, рече Ји за време на состанокот со американската делегација сенатори предводена од демократскиот сенатор Чак Шумер, шеф на демократското мнозинство во американскиот Сенат.

Кина и САД не се согласуваат за неколку прашања, а во последниве месеци се обидуваат да се вратат на дијалогот. Не е исклучена и можноста во серијата посети на високи американски претставници на Пекинг, да се одржи средба меѓу кинескиот и американскиот претседател Си Џинпинг и Џо Бајден.

„Треба да управуваме со нашите односи на одговорен начин“, рече Чак Шумер и нагласи дека САД „не сакаат конфликт“. Меѓутоа, тој нагласи дека „природно е двете големи сили да се натпреваруваат една со друга во области како што се трговијата, технологијата и дипломатијата меѓу другите“.

Шумер рече дека главната цел е да се постигнат „еднакви услови за конкуренција за американските компании и работници“.

Друга цел, рече Шумер, е да се повикаат на одговорност компаниите со седиште во Кина „што САД ја снабдуваат со смртоносни хемиски производи и ја поттикнуваат кризата со фентанил“, како и да се осигура дека Пекинг не ја поддржува „руската неморална војна против Украина“.

Уште еден приоритет, додаде Шумер, е унапредувањето на човековите права.

Односите меѓу двете земји остануваат напнати, а меѓу спорните прашања се трговските спорови, кинеската експанзија во Јужното Кинеско Море и прашањето на Тајван. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан