• среда, 21 август 2024

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,5 отсто во периодот јануари-јули 2024 година

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,5 отсто во периодот јануари-јули 2024 година

Атина, 20 август 2024 (МИА) – Во периодот јануари-јули 2024 година патнички сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција се зголемил за 9,5 отсто, според прелиминарните статистички податоците од Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година, бројот на патници е за над три милиони повисок од лани, односно во изминатите седум месеци изнесува 42.538.219, наспроти 38.833.074 патници во истиот период лани.

Што се однесува на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 6,9 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба.

Лани, во периодот јануари – јули имало 306.982, а оваа година 328.272 летови. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан