• петок, 17 јануари 2025

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,3 отсто во 2024 година

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,3 отсто во 2024 година

Атина, 17 јануари 2025 (МИА) – За 9,3 отсто се зголемил патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција во 2024 година, споредбено со една година претходно, додека сообраќајот на авиони се зголемил за 7,6 проценти, согласно официјалните податоци од Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, бројот на патници на грчките аеродроми во периодот јануари – декември 2024 година е за над 6,7 милиони повисок од лани, односно достигна 79.403.911, наспроти 72.616.584 патници во истиот период од 2023 година.

Во однос на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 7,6 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба.

Лани имало вкупно 603.931 летови, наспроти 561.366 летови во 2023 година. ср/ми/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан