Патниот правец Кичево - с. Цер затворен за сообраќај од 10 до 16 часот
- Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер во следниот период ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00 до 16.00 часот поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање).
Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер во следниот период ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00 до 16.00 часот поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање).
Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/нд/
ФОТО: Архива