• четврток, 02 април 2026

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна посета на земјата.

Како што објави Мицкоски на „Фејсбук“, посетата претставува значаен чекор во зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји.

- Разговаравме за продлабочување на економската, политичката и регионалната соработка, како и за заедничките европски перспективи. Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок - напиша Мицкоски. фф/са/

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски                                                                                                                                                                                                                      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан