• среда, 04 декември 2024

Партијата на Јун го повикува да ја укине воената состојба во Јужна Кореја

Партијата на Јун го повикува да ја укине воената состојба во Јужна Кореја

Сеул, 3 декември 2024 (МИА) – Политичка партија на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол го повика да се откаже од напорите за воведување воена состојба во Јужна Кореја, додека политичките блокови во земјата се обединуваат против потегот.

Постигнат е консензус против напорите за време на состанокот на Партијата на народната моќ, јави новинската агенција Јонхап, откако пратениците во Националното собрание гласаа за блокирање на потегот.

Партијата го повика Јун „да ја прифати резолуцијата на Националното собрание против воената состојба и навремено да ја укине“.

Нејасно е дали јужнокорејскиот претседател ќе попушти под притисокот од неговата партија и ќе го прифати резултатот од гласањето во Парламентот, што би требало да го стори согласно јужнокорејскиот закон. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан