Партијата на Горанците почна со активности за предвремените парламентарни избори во Косово
- Единствената горанска партија (ЈГП) која ги претставува жителите на областа Гора во Косово ги почна активностите за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 28 декември.
Дебар, 3 декември 2025 (МИА) - Единствената горанска партија (ЈГП) која ги претставува жителите на областа Гора во Косово ги почна активностите за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 28 декември.
-Денеска Единствената Горанска партија одржа седница на Генералниот одбор која го означи почетокот на интензивни подготовки за вонредните парламентарни избори, објави партијата.
На средбата биле дефинирани клучните приоритети, стратешките цели и насоки кои ќе обезбедат гласот на горанската заедница да биде силно, јасно и достоинствено застапена.
-Единствената горанска партија останува доследна на својата мисија да ги заштити интересите на Гора, да ја зајакне институционалната застапеност и да се бори за подобрување на положбата на нашиот народ. Обединети за Гора, наведуваат од партијата.
На последните парламентарни избори партијата обезбеди пратеничко место во косовскиот законодавен дом, едно од десетте загарантирани за малцинствата, покрај десетте за српското. По третпат мандат обезбеди Адем Хоџа, лидер на партијата.
Областа Гора во Косово опфаќа 18 села и градот Драгаш, населени главно со Македонци со исламска религија, познати како Горани. вт/фф/
Фото: Единствена горанска партија