• среда, 21 август 2024

Пари Сен Жермен не е заинтересиран за Осимен

Пари Сен Жермен не е заинтересиран за Осимен

Неапол, 20 август 2024 (МИА) - Францускиот гигант Пари Сен Жермен нема интерес да го привлече Виктор Осимен, објави „Скај спортс“.

Парижаните постојано се предмет на шпекулации за иднината на напаѓачот, но управата на клубот најави дека не сака тој да дојде во тимот. Тренерот Луис Енрике е на мислење дека Осимен нема да се вклопи во стратегиите на тимот, што е главната причина за одлуката.

Тимот од француската престолнина се обидува да најде решение за отсуството на Килијан Мбапе, кој летово си замина во редовите на Реал Мадрид.

Нигерискиот интернационалец Осимен (25) е дел од Наполи од 2020 година. Има 133 натпревари и 76 голови во сите натпреварувања.

Со гигантите од Неапол ја освои титулата во Серија „А“ во сезоната 2022/2023. дс

Фото: Архива

Остани поврзан