Папата Франциск повторно повикува на мир во Украина
- Папата Франциск по повод 1.000 дена од почетокот на војната во Украина повторно повика на мир и истакна дека „војната секогаш е пораз“.
Рим, 19 ноември 2024 (МИА) - Папата Франциск по повод 1.000 дена од почетокот на војната во Украина повторно повика на мир и истакна дека „војната секогаш е пораз“.
„Војната секогаш е пораз. Повторно повикувам да се запре лудилото на насилството. Да се посветиме на праведен и траен мир. Да се помолиме за народот на Украина“, порача папата преку социјалната мрежа Икс. ссм/
фото: архива