• недела, 15 декември 2024

Папата Франциск ги повика сириските бунтовници да ја стабилизираат земјата

Папата Франциск ги повика сириските бунтовници да ја стабилизираат земјата

Рим, 11 декември 2024 (МИА) - Папата Франциск ги повика сириските бунтовници кои го соборија режимот на Башар ал Асад да работат на стабилизација на земјата и да управуваат на начин што ќе ја промовираат стабилноста и единството на Сирија.

- Се молам сирискиот народ да живее во мир и безбедност во својата сакана земја, а различните религии да чекорат заедно во пријателство и меѓусебна почит за доброто на нацијата, која страдаше од толку многу години војна, изјави тој за време на неделната аудиенција во Ватикан.

Според проценките на Ватикан, околу 300.000 католици живеат во Сирија, каде вкупното население брои околу 25 милиони. Муслиманите сочинуваат околу 90 отсто од населението во Сирија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан