Папата Франциск во посета на Луксембург и Белгија
- Папата Франциск денеска пристигна во еднодневна посета на Луксембург, во рамки на која ќе се сретне со големиот војвода од таа земја, Анри и со премиерот Лик Фројден.
Луксембург, 26 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска пристигна во еднодневна посета на Луксембург, во рамки на која ќе се сретне со големиот војвода од таа земја, Анри и со премиерот Лик Фројден.
Папата ќе се сретне и со католиците во катедралата Нотр Дам во градот Луксембург, пред да ја посети Белгија утре и за време на викендот.
Според податоците на Ватикан, во Луксембург има околу 271.000 католици од вкупно 654.000 жители. рп/
Фото: МИА архива