Панел на тема „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“
- Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) денеска организира панел - дискусијата на тема „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“.
Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) денеска организира панел - дискусијата на тема „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“.
Панелисти се Слободанка Јовановска, новинарка и уредник за надворешна политика, проф. д-р Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во ИМА. Тие ќе ги претстават клучните наоди на нивните анализи од мониторингот на ИМА за медиумското известување на оваа тема.
Модератор на настанот е Петрит Сарачини.
По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на панел-дискусијата. мч/вг/
фото: МИА архива