Панел дискусија „Трансформативната моќ на социјалните работнички“
- Во просториите на Центарот за социјални претпријатија (зад спомен куќата на Мајка Тереза) денеска ќе се одржи панел дискусија насловена „Трансформативната моќ на социјалните работнички“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN WOMEN.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Во просториите на Центарот за социјални претпријатија (зад спомен куќата на Мајка Тереза) денеска ќе се одржи панел дискусија насловена „Трансформативната моќ на социјалните работнички“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN WOMEN.
На панел дискусијата ќе се обратат министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимaни и раководителката на UN Women, Весна Ивановиќ-Кастаред.
Како што соопшти Министерството, по настанот во Центарот за социјални претпријатија, следи посета на Базар за социјален импакт и економско зајакнување на жените во Ист Гејт. Базарот е тридневен, односно ќе се одржува денеска, утре и задутре. дма/лв/
Фото: Принтскрин