• четврток, 04 декември 2025

Јаревски: Со пакетот закони за дигитална трансформација до подобро и поквалитетно секојдневие на граѓаните

Јаревски: Со пакетот закони за дигитална трансформација до подобро и поквалитетно секојдневие на граѓаните

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Со имплементацијата на пакетот закони за дигитална трансформација кои вчера поминаа на собраниската Комисија за транспорт каде се одржа јавна расправа, ќе се овозможи подобро и поквалитетно секојдневие за граѓаните, оцени денеска пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Јаревски на прес-конференција во Собранието рече дека самиот факт што на јавната расправа учествувале над 70 претставници од сите области на општествениот живот, ја покажува важноста на овој реформски пакет на закони. 

- Дискусиите, забелешките, коментарите и размислувањата се преточија во заклучоци и 12 амандмани кои веќе се доставени за второ читање. Иако имаше неколку претставници и од опозицијата, истите не зедоа учество во расправата, се надеваме дека тоа значи дека немаат забелешки и дека ќе го подржат реформскиот пакет на закони, рече Јаревски.

Дел од придобивките, како што посочи, е тоа што граѓаните ќе може од својот дом да симнат и испечатат документи кои ќе имаат правна важност еднаква како оние издадени на шалтер. Документи кои ќе содржат QR-код како безбедносен елемент и доказ за автентичност.

Додаде дека ова не се празни ветувања, туку новото лице на јавната услуга која ќе биде ефикасна, сигурна и достапна. бак/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан