• четврток, 26 декември 2024

Панел-дискусија „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“

Панел-дискусија „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - Во рамки на Фестивалот на Слободата денеска ЦИВИЛ организира панел дискусија со наслов „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, во хотелот Парк Резиденс. - Панелот ќе се одржи со физичко присуство на учесниците, со строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид-10. Учесници на панелот ќе бидат Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, актуелниот директор на Заводот за државна статистика, и Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Панелот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ, соопштија од ЦИВИЛ. Од Здружението истакнаа дека последниот попис во земјава беше спроведен во 2002 година, додека обидот за попис во 2011 година беше неславно прекинат заради политизација на процесот. - Новата влада планира попис во април 2021 година. Веќе се подигнати напнати и исполитизирани дискусии на оваа тема, а со отворена дискусија на панелот, ЦИВИЛ ќе придонесе кон потребата од напуштање на политиката надвор од статистиката, посочија од ЦИВИЛ. Конференцијата ќе биде емитувана во живо на Фејсбук страницата, како и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ кој ги поканува медиумите и сите заинтересирани да ја следат и слободно да преземаат содржини кои произлегуваат од конференцијата. Настанот се организира во рамките на Фестивалот на слободата кој започна на 25 ноември, кога организацијата работно одбележа 21 година од постоењето. Во временскиот период на одржување на Фестивалот, влегуваат и Меѓународниот ден на правата на лицата со посебни потреби (3 декември) и Меѓународниот ден на борбата против корупцијата (9 декември). Настанот е дел од проектот „Европа е наш дом“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Фестивалот на слободата е мултимедијален настан во рамките на проектот „Граѓански објектив“, поддржан од National Endowment for Democracy (САД), како и од Програмата Цивика Мобилитас, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. см/ац/

Тагови

Остани поврзан