Палчо и останатите обвинети пред судот рекоа дека не се чувстуваат виновни за убиството на Вања и Панче
- Во тек е судењето во Основниот кривичен суд Скопје за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Обвинетите, пред Судот се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни за што дополнително нивната одбрана ќе достави докази до Судот.
Скопје, 20 септември 2024 (МИА) – Во тек е судењето во Основниот кривичен суд Скопје за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Во Кривичен присутни се обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.
Обвинетите, пред Судот се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни за што дополнително нивната одбрана ќе достави докази до Судот.
Обвинителката Жаклина Крстевска во своето воведно обраќање по барање на оштетените Жаклина Ѓорчевска и нејзината ќерка, побара од Судот да биде исклучена јавноста од целата расправа, поради како што рече, интензивното известување на медиумите за настанот кое придонесло за продлабочување на болката, по што Судот не го прифати ваквиот предлог на Обвинителството.
— Од страна на полномошникот и оштетената Зорица Мирчевска и од сестрата на Вања Ѓорчевска поднесен е предлог до обвинителството за исклучување на јавноста од целата расправа, заради интензивното известување на медиумите за настанот кое медиумско известување придонесло за продлабочување на болката, тешко сериозно пост-трауматско растројство, за кое во прилог доставувам извештај од специјалист психијатари препорака на психотерапевт, рече Крстевска.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.
На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.ра/аа/
Фото: МИА