• понеделник, 23 декември 2024

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии помеѓу Србија и Косово

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии помеѓу Србија и Косово
Белград, 19 февруари 2020 (МИА) - Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово. - На страните им останува да ги утврдат параметрите на дијалогот, истакна Палмер во интервју за порталот „ЕУобсервер“ во Брисел, запрашан за планот за размена на територии, пренесе српската новинска агенција БЕТА. Тој посочи дека ги поддржува „страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса, да ги стават сите важни прашања на масата за преговарање и да најдат начин за нормализирање на односите“. - Идеално би било со взаемно признание. Ние би сакале да го видиме взаемното признавање на Србија и Косово како резултат на тој процес, посочи Палмер. Тој не одговори на дополнителни прашања за тоа дали ставот на САД е во спротивност со позицијата на Германија дека договорот меѓу Србија и Косово за размена на територии може да го дестабилизира регионот. ми/

Остани поврзан