• петок, 25 октомври 2024

Најмалку 10 припадници на безбедносните служби убиени во Пакистан, одговорноста ја презедоа исламските милитанти

Најмалку 10 припадници на безбедносните служби убиени во Пакистан, одговорноста ја презедоа исламските милитанти

Исламабад, 25 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 10 припадници на пакистанските безбедносни служби се убиени синоќа во напад на милитанти врз нивен објект во близина на северозападниот град Дера Исмаил Кан, изјавија два полициски извори.

Исламистичката милитантна група Техрек-е Талибан Пакистан ја презеде одговорноста за нападот, според соопштението на организацијата.

Тахрек-е-Талибан Пакистан со години извршува напади во Пакистан против владини претставници, настојувајќи да ја собори владата и да воспостави администрација со строг исламски закон. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан