• петок, 05 декември 2025

Пакистанските безбедносни сили убија 18 терористи

Пакистанските безбедносни сили убија 18 терористи

Исламабад, 30 октомври 2025 (МИА) -  Пакистанските безбедносни сили убија 18 терористи во две операции во југозападната покраина Белуџистан, соопшти армијатам цитирана од Ксинхуа.

Операциите биле спроведени во завчера и вчера против забранетата терористичка армија на Белуџистан, соопшти пакистанската армија.

Првата операција е изведена во Квета, главниот град на покраината, каде што војниците ги лоцираа милитантите и убија 14 од нив, се наведува во соопштението. Во посебна операција во округот Кеч, четворица милитанти беа неутрализирани, а едно скривалиште беше уништено.

Во нападите е запленето оружје, муниција и експлозиви. 

Армијата додаде дека продолжуваат напорите за елиминирање на преостанатите терористи на Ослободителната армија на Белуџистан.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги пофали безбедносните сили за успешните операции и рече дека тоа ќе ги искорени сите форми на тероризам од земјата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан