• петок, 08 ноември 2024

Пад на берзите во САД по иранските ракетни напади на Израел

Пад на берзите во САД по иранските ракетни напади на Израел

Вашингтон, 1 октомври 2024 (МИА) Главните берзански индекси во САД регистрираат денеска значаен пад додека цените на нафтата растат по извештаите за ракетните напади на Иран врз Израел.
Индексот S&P 500 падна околу 1,3 отсто во тргувањата денеска на пладне, откако синоќа завршија на рекордно ниво. Приносите на државните обврзници исто така паднаа. Приносите паѓаат како што цените растат, а загрижените инвеститори често се насочуваат кон ултра-безбедните државни обврзници на САД.
Растот беше во фокус со почетокот на новото тримесечје, и со утринските извештаи за производството и пазарот на трудот во САД. Индексот на производството, кој се следи со големо внимание, остана речиси стабилен во септември и беше малку понизок од очекувањата на аналитичарите.
Индексите паѓаат на S&P 500, Dow Jones Industrial Average и Nasdaq Composite. Сите тргуваа пониско, при што Nasdaq беше намален за околу 2 отсто.
Цената на суровата нафта порасна. Сортата „Брент“, меѓународниот репер, се зголеми за околу 4 отсто. Акциите на Apple вршеа притисок врз индексите. Акциите на производителот на iPhone беше намален за околу 3,7 отсто.
Приносите на државните обврзници паднаа. Приносот на 10-годишните обврзници падна, по намалувањето за повеќе од половина процентен поен од јули до септември.
Европските државни обврзници забележаа раст, откако инфлацијата во еврозоната падна под целта на централната банка за прв пат по повеќе од три години.
Јапонските акции пораснаа. Индексот Nikkei 225 порасна за 1,9%, по падот во понеделник. Јенот ослабна втор ден по ред. Пазарите во континентална Кина беа затворени поради празник. кб/

Остани поврзан