• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО го расчистува случајот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола

ОЈО го расчистува случајот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет по добиена анонимна пријава на 12 јануари 2021 година, а во врска со постапување на лекари специјалисти – гинеколози од Клиничка болница Битола и едно лице странски државјанин за кое постојат основи на сомневање дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција.
-Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена од СВР Битола на 8.2.2021 против три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција врз родилка, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство. По завршувањето на интервенцијата,едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции на 1.1.2021 година, се вели во соопштението од ОЈО. Од обвинителството информираат дека се издадени наредби за собирање потребни известувања до СВР Битола, испитани  се две лица кои дале свои сознанија за настанот и поднесено е барање до Лекарската комора на РСМ. На 3.2.2021 година јавниот обвинител издаде Наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за Гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци, односно се отстранувани страници, стои во соопштението.аа/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан