• вторник, 24 декември 2024

ОЈО Битола отвори истрага за пронајдено оружје и муниција во Жабени

ОЈО Битола отвори истрага за пронајдено оружје и муниција во Жабени
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Жабени за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. - Осомничениот, на 12 мај, во неговиот автомобил држел пиштол марка „Застава“ со калибар 6,35 мм и шест куршуми за тој пиштол. При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка со калибар 7,62 мм и 15 куршуми од тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните, се вели во соопштението од ОЈО. Надлежниот јавен обвинител предложил на осомничениот да му биде определена мерка притвор, а судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​ аа/ац/

Остани поврзан