Очните прегледи за првоодделенци во Куманово речиси пополнети, но сите ќе бидат прегелдани
- Сите новозапишани првоодделенци општините од североистокот ќе бидат навремено прегледани, иако остануваат само неколку термини во август, годинава, информираа денеска надлежните од очно одделение од општа болница Куманово.

Куманово, 29 мај 2025 (МИА) - Сите новозапишани првоодделенци општините од североистокот ќе бидат навремено прегледани, иако остануваат само неколку термини во август, годинава, информираа денеска надлежните од очно одделение од општа болница Куманово.
- Преку програмата на министерството за здравство за скрининг на првоодделенчиња прегледуваме околу 2.000 првачиња. Има посебни термини за нив формирани од министерството, секојдневно од 1 април до крајот на август имаме секојдневни десет термини за нив од 10 до 12. 30 часот. Термините се зафатени до 20 август, има десетина дена за да се закажат термини, но ќе ги прифатиме сите преку приоритетни упати од матичните, изјави началникот на очното одделение д-р Бојана Георгиевска – Димовска.
Термините се обезбедени преку Министерството за здравство и ниту едно дете нема да остане непрогледано, уверуваат офталмолозите. Тие апелираат родителите да сфатат дека овој преглед е значаен за децата и да не го доживуваат како обврска која единствено мора да ја исполнат за да го запишат детето на училиште. Очното одделение е добро екипирано, има амбуланта за ортооптичко тестирање со обучен кадар, се прави преглед за острина, се тестира дали има за одредени проблеми.
- Може да видиме за одредени недостатоци и закажуваме редовен преглед за понатамошни испитувања. Скринингот е важен за деца на оваа возраст. И секоја година имаме увид и може да се каже дека имаме зголемен процент на рефракциски грешки, туку и промени во подвижноста, кривење, изјави д-р Георгиевска – Димовска.
Во општа болница Куманово се прегледуваат пациенти од Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце. ам/
Фото: МИА