• среда, 25 декември 2024

Официјално затворена првата манифестација „Фудбал за сите"

Официјално затворена првата манифестација „Фудбал за сите
Крива Паланка, 26 август 2022 ( МИА) - Со разиграни дечиња и насмеани лица на сите инволвирани во годинашното премиерно издание на „Фудбал за сите" беше затворена манифестацијата што изминатите пет дена се одржуваше на градскиот плоштад во Крива Паланка. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, порача дека со големиот интерес за учество ги обврзале организаторите да ја продолжат оваа активност. -Овој преполн стадион, оваа прекрасна глетка разиграни, растрчани млади дечиња не само што ни ги полни очите,туку ни ги полни и срцата. Во право сте што сите со нетрпение очекувавте да се одржи овој настан. Кога ја гледам радоста во сите овие пет дена што зрачи од вас, само можам да ви ветам едно - Општина Крива Паланка, Фудбалска академија „Фудбал за сите" и ТАКТ, ќе ја продолжат оваа  иницијатива и повторно ќе се дружиме на ваков начин заедно со програмта спорт за развој . Среќен сум што интересот за учество беше голем и кај девојчињата и кај момчињата, а уште посреќен што волонтерите беа млади луѓе, спортисти од Крива Паланка што потврдува дека Крива Паланка е спортски град и не обврзува и мене како градоначалник и целиот мој тим да продолжиме да работиме за уште повеќе можности за вас,за младите, порача Митовски. Тој им приреди изненадување на сите 240 учесници на школата, бесплатни забавни луна-парк содржини. ид/свс/

Остани поврзан