• сабота, 28 декември 2024

Отповикан од функција јужнокорејскиот в.д. претседател на државата

Отповикан од функција јужнокорејскиот в.д. претседател на државата

Сеул, 27 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејските пратеници го отповикаа денеска од фукција вршителот на должноста претседател Хан Дак-су, образложувајќи дека тој „активно учествувал во бунтот“ откако неговиот претходник прогласи воена состојба претходно овој месец.

„Објавувам дека предлогот за импичмент на премиерот Хан Дак-су е усвоен. Од 192 пратеници кои гласаа, 192 гласаа за импичмент“, рече претседателот на Националното собрание Ву Вон-шик.

Хан Дак-су  одби да назначи тројца нови судии во Уставниот суд, каде што треба да се одржи првото рочиште за судењето за суспендираниот претседател Јун Сук Јеол . зш/

Остани поврзан