• понеделник, 23 декември 2024

Отворен спортско-рекреативен центар „Драго Маневски“ во општина Илинден

Отворен спортско-рекреативен центар „Драго Маневски“ во општина Илинден

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски денеска го отворија спортско-рекреативниот центар „Драго Маневски“.

Како што информира Општина Илинден, во рамки на овој спортско-рекреативниот центар изградено е повеќенаменско игралиште, атлетска патека и трибина и уреден е просторот за спорт и рекреација на граѓаните.

- Ние како Министерство за спорт секогаш ќе се залагаме за здрав живот и за подобрување на условите за спорт и рекреација на граѓаните, особено на младите. Министерството за спорт секогаш ќе биде тука да ги поддржи проектите на локалната самоупрва и вложувањата во младите, во иднината и во спортот, истакнал Ристовски.

На отворањето на спортско-рекреативниот центар во општина Илинден, покрај министерот Ристовски и градоначалникот Георгиевски, присуствувале и пратениците Драган Ковачки, Драгана Бојковска и Марија Петрушевска. мд/аа/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан