• вторник, 21 јануари 2025

Отворен повик за учесници за Имерзивната уметничка размена

Отворен повик за учесници за Имерзивната уметничка размена

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Отворен е повикот за учесници за Имерзивната уметничка размена, која ќе се одржи од 9 до 15 март 2025 година, во Љубљана Словенија.

Имерзивната уметничка размена ќе вклучи вкупно 16 учесници од Северна Македонија и Словенија. 

Како што соопштија организаторите, Имерзивна уметничка размена - Унапредување на младинските вештини на пресекот меѓу уметноста и технологијата (ARTechYOUTH) е Еразмус+ проект на младинска размена, поддржан од Европската Унија и создаден од Студио Приватен принт од Скопје, Северна Македонија и Иновато од Љубљана, Словенија.

-Овој повик е отворен за млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, жители на Северна Македонија или Словенија, кои имаат афинитети кон креативниот сектор или технологијата, се заинтересирани за полето каде што уметноста и технологијата се сретнуваат и би сакале да ги прошират своите вештини во двете полиња. Нивото на знаење не е пресудно за нивното пријавување на овој повик, додека, пак, од особено значење е да бидат мотивирани за соработка и создавање заедно во група низ повеќе дисциплини и да се заинтересирани за интеркултурна размена меѓу врсници, се вели во соопштението за повикот.

Имерзивната уметничка размена е дизајнирана да им обезбеди на учесниците повеќеслојни можности за учење. Селектираните учесници ќе се здобијат со креативни вештини и подобра дигитална писменост, вештини за создавање заедно со своите врсници од различни потекла и дисциплини, ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и единственост, да бидат дел од богата културна програма, да научат како активно да учествуваат во општеството преку својата работа и да се здобијат со пријатели и соработници за цел живот.

Сите учесници треба да аплицираат со пополнување на онлајн формулар и да го поднесат најдоцна до 3 февруари оваа година, до крајот на денот.бт/ев/

Фото: Флаер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан