• сабота, 16 ноември 2024

Отворен ден на тема „Врсничкото насилство низ призмата на учениците“ во Гостивар

Отворен ден на тема „Врсничкото насилство низ призмата на учениците“ во Гостивар

Гостивар, 14 декември 2023 (МИА) – Ученици од Средното техничко училиште „Гостивар“ на отворен ден ги искажаа ставовите за справување со врсничкото насилство во рамки на завршната активност на проектот „Училиштен ѕвон: кажи НЕ на насилство“ што го спроведува Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ Гостивар).

Во холот на ОСТУ „Гостивар“ учениците на импровизирани штандови беа претставени пораките и сознанијата на учениците до кои се дошло преку обуки за наставниот кадар во насока на превенција и мерки против булинг. Изготвен е Прирачник кој ќе биде дистрибуиран низ училиштата во општина Гостивар.

- Проектот започна со прашалник преку анкета во која беа вклучени 330 ученици од средните училишта во Гостивар. Врз основа на оваа анкета излезе прирачникот, поточно анализата, која веќе е испечатена и доставена до училиштата на македонски и албански јазик. Прирачникот содржи предлози, препораки кои може да ги спроведат наставниците со цел да се намали насилството меѓу врсниците, рече Анета Филипоска, извршен директор во ИГИ Гостивар.

Таа посочи дека во рамки на проектот обучени се 15 наставници кои потоа своето знаење ќе го споделат со другите колеги во училиштата каде што работат.

Проектот опфати три средни училишта од Гостивар, а се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со кофинансирање од општина Гостивар. згм/мд/

фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан