• сабота, 23 ноември 2024

Отворен ден за учениците во регионалниот музички центар „Сергеј Михајлов“ во Штип

Отворен ден за учениците во регионалниот музички центар „Сергеј Михајлов“ во Штип

Штип, 14 мај 2024 (МИА) - Државното музичко училиште (ДМУ) „Сергеј Михајлов“ - Штип денеска ги отвори вратите за сите заинтересирани ученици од основните училишта, кои го завршуваат своето основно образование и планираат да се запишат во некои од средните училишта. Директорот на ДМУ „Сергеј Михајлов“ - Штип, Горан Кавраков вели учениците на овој отворен ден имаат можност да се запознаат со музичките инструменти, образовните профили како и да остварат контакт со наставниците.

-И за нас и за нив да се запознаат со тоа што ние работиме како уметничко училиште. Поголем дел од нашите граѓани, можам слободно да кажам, дека не знаат дека постои основно музичко училиште, така да ги запознаеме со сите оддели со кои располагаме, пијано делот, дувачкиот оддел и гудачките инструменти и на лице место самите ученици ги видат инструментите и ја видат програмата по која можат да учат, од кое одделение секој инструмент ќе можат да го изучуваат кај нас, вели Кавраков.

Посочува дека немаат конкретна бројка за запишување на основците. Родителот на секое заинтересирано дете може да поднесе пријава за запишување, а наставниците понатаму ќе го откријат нивниот талент.

-Немаме одреден број, тоа е само за средното музичко училиште. 34 ученици во теоретскиот дел и 34 во инструменталниот оддел. Основното училиште е незадолжително, нормално секој родител секое детенце може да поднесе пријава и да пробаме да го отркиеме нивниот талент пред се и дали ќе можеме да ги задржиме, затоа што музиката е битен дел за секое дете, рече Кавраков.

За запишување на средношколците во одделот во теоретскиот и инструменталниот дел има слободни 34 места. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан