• петок, 22 ноември 2024

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар
Пном Пен, 11 ноември 2022 (МИА) - Годишниот состанок на АСЕАН е отворен денеска во Пном Пен, а филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор и премиерот на Камбоџа, Хун Сен, истакнаа дека треба да се биде „трпелив“ со Мјанмар, земјата што не учествува на самитот. Лидерите на десет членки на Асоцијацијата на земји од југоисточна Азија - АСЕАН, се собраа во главниот град на Камбоџа, а на „семејната“ фотографија го немаше командантот на мјанмарската хунта. Втора година по ред Мин Аунг Хлаинг не доби покана од неговите колеги. АСЕАН и Мјанмар ја прекинаа комуникацијата откако регионалниот блок го обвини дека не го почитува планот донесен лани за излез на земјата од хаосот по државниот удар во февруари 2021 година. Во текот на денот АСЕАН треба да има состанок и со неговите главни партнери како што се Кина и Јужна Кореја, претставени од премиерот Ли Кечијанг и претседателот Јун Сук Јеол. Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да допатува во Пном Пен рано изутрина. бд/сд/

Остани поврзан