• четврток, 19 декември 2024

Отворена групна изложба „Цртај на македонски јазик со глаголица“

Отворена групна изложба „Цртај на македонски јазик со глаголица“

Скопје, 12 јуни 2024 

Почитувани, 

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, 12.06.2024 година во малиот салон на Галерија „КО-РА“ во Ј У Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, вечерва е отворена  групна изложба со преку педесеттина дела насловена

„ЦРТАЈ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО ГЛАГОЛИЦА“

Оваа изложба е во рамките на проектот

„Цртаме на македонски јазик со глаголица“ кој е поддржан од Министерството за култура на РС.Македонија, Град Скопје и Ј У Дом на култура „Кочо Рацин “-Скопје.

Во првиот дел од проектот кој е реализиран исто така во организација на Младинската културна асоцијација на БОШЊАЦИТЕ во Р Северна Македонија „ШАДРВАН“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“, се одржа Ликовната работилница со учениците од Основното Училиште „Хасан Приштина# од Скопје со менторите: Алмира Папиќ и Сафет Црновршанин. На таа работилница беа изработени 48 ликовни дела со различна тематика , од кои  38 дела беа после дополнети секое со по една буква од глаголицата.

Модератор на настанот е Лејла Ќахили како, a како предавач во проектот  при презентацијата power point, Лејла Ќахили одржа  и предавање за глаголицата.

Координатор на проектот е Мелиса Зверотик.

Во овој дел од проектот на оваа групна изложба воп Галерија „КО-РА “ се претставуват настанатите дела на учениците со поддршка на менторите, а во третиот дел од проектот се очекува и претставување на изложбата и надвор од земјата во интеракција со учениците и од други училишта.

Во свеченото отворање учествуваа: Есма Фазлиу директорка на ОУ Хасан Приштина, Лејла Ќахили, модератор и предавач, Алмина Папиќ, претседателка на Младинската културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван “ и Виолета Калиќ, дипл.историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ –Скопје. По повод свеченото отворање настапи младата виолинистка Далиа Црновршанин.

По овој повод беа доделени и Благодарници за сите учесници во овој настан кој има и мултикултурно значење.

По повод свеченото отворање на изложбата Виолета Калиќ  истакна дека „значењето на овој проект е од повеќе аспекти.Тој  едноверемно има и едукативна димензија , која е и интердисциплинарна  или трансдисциплинарна со својот ангажиран карактер, обединувајќи повеќе области и акцентирајќи го значењето на оваа сецивилизациска  придобивка. Глаголицата како и сите други писма кои оставиле трага од изминатите цивилизации, имале бројни модификации и транскрипции, разнородни влијаниа, но сите тие се важна поврзница  во својот континуитет и во својата дијалектика. Буквите, азбуките, писмата, не зависно да ли се пиктурални, клинести, хиероглифи, алфабет или глаголица, етрурски или старословенски, тие се од круциелно културолошко и сецивилизациско значење.Тие се пред се  не само средство за себесоопштување и комуникација, тие се  дијалог помеѓу народите, ентитетите, светогледите, конфесииите, помеѓу просторот и времето, помеѓу искуствата и мудростите кои се пренесуваат од генерациите изминати кон сегашните и идните . Од тој аспект е и од историско значење благородната мисија која ја имаа и сесловенските просветители,нивните следбеници како и големите  духовни светилишта и големите препишувачки центри, независно да ли е Охридската или Преславската школа... Трагата на глаголицата датира не поведува кон изворите до десеттиот и деветтиот век. А изворите и поврзниците кои и предходеле и понатаму во својот континуитет. Тие со времето се модифицирале, се редуцирале и ја восприемувале својата сеповидоизменета форма. А бројните паметници кои ја запазиа глаголицата ширум овој регион побудуваат голем интерс кај светските научно истражувачки кругови од бројни универзитети ширум светот, постојано  поместувајќи ги границите на нашите сознаниа. Тие вредности треба да имаат не само историско и геополитичко, социолошко, или архивско значење , тие треба да се инспиранс за секој уметник кој се заложува за запазување и афирмација на сецивилизациските вредности –не зависно да ли станува збор за киевскиот мисал, башката плоча од Крк, бројните стари псалми и мисали... “истакна во своето излагање Виолета Калиќ по повод свеченото отворање на овој значаен проект

Со почит,

Дом на култура „Кочо Рацин “-Скопје 

____________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Дом на култура „Кочо Рацин “-Скопје

 

Остани поврзан