• понеделник, 23 декември 2024

Отворена изложбата по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата

Отворена изложбата по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата
Скопје, 21 март 2022 (МИА) - Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ денеска е отворена изложбата по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата, на која се претставени дела на повеќе уметници од државава, но и странство. Како што информираат организаторите, на изложбата се претставени преку четириесетина творци, со преку педесетина дела во различни техники - слики, графики, скулптури, колажи, нови медиуми, дигитални принтови, колажи, асамблажи и фотографии. - Оваа традиционална мултимедијална изложба која Домот на култура „КОЧО РАЦИН“ -Скопје како предвесник на оваа глобална проблематика почнува да ја организира уште од 1991 година  евидентно се  надоградуваа со  се поголем број учесници како од земјата така и од надвор со единствена и заедничка цел  да се  се побуди свеста за значењето на оваа актуелна проблематика од глобално значење за опстанокот на нашата планета Земја, а воедно  и да се се поттикнува  и  заедништвото  и креативната визијата кај секој поединец, за дејствување во сите сфери на општеството ширум светот,  за одржлив  развиток  за редефинирање на нашата свест и  нашиот однос кон природата и запазување на  најзагрозените видови и енергетски ресурси, истакнала Виолета Калиќ, која е куратор на овој проект. Оваа година помеѓу учесниците се Моника  Радхоф  Трол ( Германија), Ирена  Паскали (Германија), Поул Венг (САД), Рон  Мејерс (САД), Тепо Корте (Финска) Петра  Јовановска, (Чешка), Здравко  Кокановиќ  (Словенија), Гордана Квајо (Хрватска), Бојана  Ромеро (САД), Виктор Бранѓолица (Хрватска/Северна Македонија) и повеќе уметници од земјава. Во малиот салон на Галерија КО-РА е отворена изложбата на уникатни креации од познатата уметница од постарата генерација Мира Спировска, како и креации инспирирани од творештвото на графичарката м-р Жанета Р.Спировска. свс/сп/

Остани поврзан