• среда, 25 декември 2024

Отворање на новиот Младински ресурсен центар во Гостивар

Отворање на новиот Младински ресурсен центар во Гостивар
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе присуствува на отворањето на новиот Младински ресурсен центар во Гостивар. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика на отворањето на центарот ќе присуствуваат и швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Сутер, постојанта претставничка на УНДП во државава Нарине Сахакјан, градоначалниците на Тетово и Гостивар, Теута Арифи и Арбен Таравари и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Абдилменаф Беџети. По церемонијата на отворање на Центарот се предвидени изјави на присутните. сп/

Остани поврзан