Отворање на изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“
- По повод Денот на сеќавањето на Гладоморот - 26 Ноември, денеска во Кристалната сала во Собранието, ќе биде отворана изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“.

Скопје 24 ноември 2022 (МИА) - По повод Денот на сеќавањето на Гладоморот - 26 Ноември, денеска во Кристалната сала во Собранието, ќе биде отворана изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“.
На отворањето на изложбата ќе присуствуваат претседателот на Собранието Талат Џафери и украинската амбасадорка Лариса Дир.
Гладомор е термин со кој се означува масовниот глад во советска Украина во периодот 1932-1933 година, кој се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, кога според различни оценки починале неколку милиони луѓе. см/вг/