• среда, 25 декември 2024

Осум Палестинци убиени во израелска воена операција на Западниот Брег

Осум Палестинци убиени во израелска воена операција на Западниот Брег

Рамала, 25 декември 2024 (МИА) - Осум Палестинци, меѓу кои и две жени, загинаа за време на израелска воена операција во два бегалски кампа во областа на градот Тулкарем, на северниот дел од окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија тврди дека „елиминирала терорист“. Военото крило на „Хамас“ потврди дека меѓу загинатите во операцијата се двајца нивни борци.

Израелската армија соопшти дека нивен командир е повреден откако неговото возило наишло на експлозивна направа за време на операцијата. Тој е евакуиран за медицинска помош, додека останатите војници не се повредени.

Тензиите на Западниот Брег, кои траат со години, дополнително ескалираа по нападот извршен од палестинското исламистичко движење „Хамас“ врз Израел на 7 октомври минатата година. Од тогаш, најмалку 811 Палестинци загинаа во окупираните територии од израелски војници или еврејски доселеници, додека во истиот период се убиени 25 Израелци, меѓу кои цивили и војници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан