• недела, 28 јули 2024

Остин: Поддршката за Украина од витално значење за воениот успех

Остин: Поддршката за Украина од витално значење за воениот успех
Брисел, 12 октомври 2022 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја пофали Украина за нејзините успеси на бојното поле над руските сили изминатиов период и ја повтори поддршката на НАТО и на неговите сојузници за Киев. Зборувајќи во Брисел на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Остин истакна дека „злобата и суровоста“ на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, ја обединиле меѓународната заедница. Покрај состанокот на НАТО, група од речиси 50 земји, предводена од САД, исто така имаше разговори во седиштето на Алијансата во Брисел. Во фокусот на разговорите беше противвоздушната одбрана, откако Русија го започна нападот врз Украина по експлозијата на мостот на анексираниот полуостров Крим, за што Москва го обвинува Киев. - Овие победи им припаѓаат на храбрите војници на Украина. Но, безбедносната помош, обуката и постојаните напори на Контакт групата, беа од витално значење, нагласи Остин на почетокот на состанокот. бд/зш/

Остани поврзан